Услови за користење

Speechpool им нуди на корисниците платформа за размена на говори соодветни за вежбање толкување.

Корисниците кои се почетници во толкувањето, дипломирани толкувачи или искусни конференциски толкувачи, можат да достават содржини (говори). Доверливоста на овие содржини не е загарантирана.

Кога доставуваш содржина, се согласуваш дека другите корисници на Speechpool можат да ја гледаат, дури и на часови по толкување или јазик.

Се согласуваш дека нема да прикачуваш непристојни, непријатни или навредливи содржини, нема да користиш материјали кои ги поседуваш незаконски или материјали заштитени со авторски права. Поточно, се согласуваш дека ќе прикачуваш само оригинални содржини во форма на говори кои ти си ги подготвил и одржал и дека нема да држиш говори напишани од други лица, дури и ако се скратени или адаптирани.

Ти ја сносиш одговорноста за содржините кои ги прикачуваш. Speechpool целосно се оградува од каква било одговорност или обврска во однос на содржините.

Доколку се пронајде прекршок на некое од правилата во однос на соодветноста на содржините, Speechpool го задржува правото да ги отстрани истите и/или да му го одземе правото на пристап на корисникот до сајтот без претходна најава.

Се согласуваш да не ги користиш содржините кои се достапни на Speechpool за комерцијални цели. Се согласуваш да не ги копираш, умножуваш, пренесуваш, емитуваш, дистрибуираш, лиценцираш, продаваш или поинаку искористуваш содржините без претходна писмена дозвола од Speechpool.